Фудбалерите на Нигерија со 2-1 ја победија Танзанија, и со три бода го стартуваа овогодинешното издание на Африканскиот Куп на Нации. И покрај целосната доминација и со дури 21 шут кон голот на противникот, сепак, на крајот Нигеријците славеа само минимален триумф.
Аџаји во 36. минута ја донесе Нигерија во предност, а потоа во 50 минута М’Момбва го израмни резултатот, и ги шокираше фаворитите.
Сепак, Лукман само две минути подоцна успеа да погоди во противничката мрежа и да донесе три бода. Херој на натпреварот беше Алекс Ивоби, кој запиша две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

