Огромна трагедија во Црна Гора: Германски фудбалер загина по пад од жичара

Црна Гора е потресена од трагедија која се случи на Дурмитор, откако германски државјанин го загуби животот по пад од жичара. На почетокот беше објавено дека е починат државјанин на Германија, а потоа беше утврдено дека станува збор за фудбалерот Себастијан Хертнер.

Несреќата се случила кога корпата од жичарницата застанала на стрмна падина, предизвикувајќи нејзино лизгање. Сето тоа се случило во ски-центарот Савик Кук.

Неговата сопруга, која била со него на корпата, се заглавила на жичарницата и била префрлена на Клиничкиот центар на Црна Гора каде и биле дијагностицирани сериозни повреди.

Хертнер бил на одмор во Црна Гора со својата 30-годишна сопруга, а деталите за неговата смрт ја шокираа цела Европа. Тој падна од висина од 70 метри, а Итната медицинска помош констатирала смрт.

34-годишникот беше фудбалер на Хамбург, а играше и за Штутгарт, Шалке 2, Минхен 1860, Ерцебирге Ауе, Дармштат, Либек, Туркгуџа Минхен, БФК Динамо и Теутонија.

Се вчитува...