Данило Брестовац продолжува со успешните резултати откако поранешниот македонски селектор се закити со нов трофеј, овојпат во Купот на Катар.
Брестовац со тимот на Ал Араби доминираше на завршниот турнир, во големото финале во „Духаил Арена“ декласирајќи го тимот на Ал Духаил со убедливи 36-26, со што го одбранија трофејот освоен лани, вкупно петти ваков трофеј во клупската историја на Ал Араби.
Избраниците на Брестовац доминираа од почетокот на финалето, на одмор заминаа со водство од 16-13, за во вториот дел целосно да го скршат отпорот на противникот и да стигнат до двоцифрена победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

