Тројца домашни тренери и Французин, Полјак и Аргентинец во опција за нов тренер на Вардар

Гоце Седлоски си заминува од клупата на Вардар на лето, а во моментов трае потрагата по нов тренер. Според информациите, во моментов има шестмина кандидати, од кои тројца се домашни, и исто толкав број на странци.

Во опција се Матија Мирков, сегашниот дел од стручниот штаб на “црвено-црните” како помошник на Седлоски и тренер на голманите. Потоа сегашниот предводник на Тиквеш, искусниот Борче Христов, и трето име е Горан Здравков, тренерот на Детонит Плачковица.

Ромаин Фолз од Франција е исто така во опција за нов предводник на лидерот на табелата во ПМФЛ.

Во игра е и полскиот тренер Пјотр Вишозански кој е селектор во футсал и на младите селекции на Полска.

Третиот кандидат од странство е Кристијан Фабијанис од Аргентина кој бил тренер во Њу Олд Бојс, клуб во кој Меси ја почнал кариерата. Фабијанис во моментов има понуда за селекторска позиција, па се уште размислува за понудата од „црвено-црните“.

Постојат уште некои опции кои се чуваат во тајност. Новиот тренер би требало да се знае во следниот период.

Се вчитува...