Македонската олимписка делегација пристигна во Милано, Атанасовска и Јада ќе бидат знаменосци

Македонската делегација која ќе учествува на зимските олимписки игри во Кортина, попладнево пристигна во Милано. Четири натпреварувачи, шест официјални лица заедно со шефицата на делегацијата Цветанка Макаровски ќе ја претставуваат Македонија на овие игри.

„Македонската Олимписка делегација е подготвена за нови спортски докажувања на меѓународна сцена. Четири натпреварувачи, шест официјални лица (тренери и доктор), предводени од Цветанка Макаровски како шеф на делегацијата, попладнево пристигна во Милано.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано во петок, 6 февруари, со истовремени церемонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Ќе започне во 20:00 часот по локално време.
Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.

ТВ пренос во живо ќе врши Македонската Радио Телевизија, а за точните термини од настапите на нашите натпреварувачи, како и за сите други вести директно од терените ќе објавуваме на нашиот веб сајт како и на социјалните мрежи на МОК“, стои бо објавата на МОК.

Се вчитува...