Победничката серија на Црвена Звезда во Евролигата неочекувано беше запрена вечерва и тоа среде преполната „Арена“ во Белград, од каде како победници си заминуваат кошаркарите на Макаби (82-83). Членовите на „гордоста на Израел“ одиграа одличен меч, целосно одговорија на мотивираните домашни кошаркари и во долги периоди од мечот имаа водство. Макаби имаше „плус девет“ на полувреме, Црвена Звезда успеа да се врати, но домаќините промашија неколку шутеви во клучните моменти, Израелците пак се одлепија и поведоа со „плус седум“ на две минути до крајот.
Црвена Звезда не се предаде, дојде до 82-83, резултат ппри кон Нвора на 20 секунди до крајот не реализираше тројка за домашниот тим. Возбудувањата кулминираа кога Соркин ги промаши двете слободни фрлања, домаќините добија уште една шанса, но Нвора повторно не беше прецизен и навивачите на преполните трибини во Белград за жал разочарани ја напуштија „Арена“.
Трагичарот Нвора беше прв стрелец на Црвена Звезда со 22 поени, додека најефикасни во големата победа на Макаби беа Кларк со 22 и Хоуард со 15 поени.
Олимпијакос ја искористи предноста на домашен терен декласирајќи го тимот на Виртус Болоња со убедливи 109-77. Везенков одигра фуриозно прво полувреме и до крајот имаше 20 поени и 8 скокови, а Тајлер Дорси го заврши мечот со 18 поени зад своето име.
Супердраматично беше во Франција, каде Милано по голема драма славеше над Асвел со 76-77. Домаќините се вратија од двоцифрена негатива, Асвел се врати, дури и имаше напад за победа, но Ангола го промаши клучниот шут и гостите од Италија стигнаа до победата. Марко Гудуриќ беше клучен играч во домашниот тим со 18 поени, Елис постигна 13, додека прв стрелец на Асвел беше трагичарот Ангола со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

