Ништо од злато за Ника Превц – Норвежанката Стром најдобра на малата скокалница на ЗОИ

Најдобрата ски-скокачка на денешницата Ника Превц не успеа да стигне до златниот медал на малата скокалница на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина откако го освои само сребрениот медал.

До златото стигна неверојатната Норвежанка, Ана Одим Стром со скокови од 100 и 101 метар што беа доволни за 267.3 поени. Ника заврши со сребрениот медал откако во двете серии имаше скокови од 98 и 99.5 метри вкупно за 266.2 поени.

Бронзениот медал и припадна на Јапонката, Нозоми Марујама со скокови од 97 и 100 метри што беше доволно за 261.8 поени.

Се вчитува...