Македонската тениска репрезентација испадна од втората зона во Дејвис-купот по поразот на дуелите со тенисерите од Кипар што се играа во изминатите денови во Никозија.
По двата сингл-порази во текот на вчерашниот ден, денеска македонските тенисери беа поразени и во дубл од своите противници. Хусеиновиќ и Мицов излегоа на терен против Ефстатиу и Неос, губејќи со 0-2 во сетови. Првиот сет мина во доминација на кипарскиот дубл кој рутински славеше со 2-6, во вториот македонските тенисери се покажаа во далеку подобро светло, но за жал потклекнаа во самиот финиш (5-7).
По овие убедливи 0-3, веќе е извесно дека Македонија од втората испаѓа во третата зона од Дејвис-купот, мечеви што ќе се играат во мај годинава, а потенцијален домаќин би можело да биде и Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

