Кошмар: Тежок пад на Линдзи Вон на спустот на ЗОИ

Последната трка во кариерата на Линдзи Вон се претвори во вистински кошмар откако трофејната Американка имаше тежок пад по само неколку секунди минати на спуст-патеката на Зимските Олимписки Игри во Кортина.

Вон пред неколку дена заработи тешка повреда кинејќи ги лигаментите во коленото, но искусната Американка реши на свој ризик да настапи, во обид и покрај повредата да нападне нов олимписки медал.

За жал, олимпискиот сон се претвори во кошмар откако таа по само неколку свиоци имаше тежок пад, по што остана да лежи на снегот.

По десетина минути лекарска интервенција, Вон на носилки беше изнесена и ќе мора да биде пренесена во болница, од каде ќе ги очекуваме и првите подетални информации околу новата повреда на легендарната американска скијачка.

Се вчитува...