Конечно, победа: Костоски го разбуди Работнички од зимскиот сон

Работнички конечно ја прекина црната серија од пет порази во низа откако „центарци“ успеаја да слаават над Кожув со 99-92 и да се разбудат од зимскиот сон во пресрет на клучниот дел од сезоната. Александар Костоски покажа дека ќе биде огромно засилување за овој тим, искусниот плејмејкер успеа да го консолидира нападот на Работнички, предводејќи го тимот во оваа голема победа

„Цнтарци“ почнаа подобро, имаа предност во голем дел од првата четртина, поведоа со 27-19, но овој период од мечот го завршија со 27-21 по поените што за гостите ги постигна Николас. Доминацијата на скопскиот тим продолжи, па со поените на доминантниот Рикиќ „црвено-белите“ стигнаа и до првото двоцифрено водство на мечот (36-26). Резултатот на 80 секунди до крајот на полувремето гласеше 52-42, но Кожув покажа карактер и се врати, намалувајќи ја негативата на 52-48.

Костоски ги презеде работите во свои раце во третата четвртина, во која екс-репрезентативецот му помогна на својот тим повторно да се одлепи и во последните 10 минути да влезе со водство од 81-70. Оваа позитива беше рутински задржана, Кожув се приближи до најмалку пет поени разлика, но Работнички повторно имаше одговор и на крајот заслужено славеше со конечните 99-92.

Центарот Рикиќ имаше импресивен дабл-дабл од 34 поени и 14 скокови, додека Костоски за нецели 16 минути на теренот реализираше 20 поени, два скока и четири асистенции, без ниту една загубена топка.

Најефикасни во таборот на Кожув во денешниот пораз беа Бојчев со 21, пред Вајт и Вашингтон со по 17 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...