Иља Малинин продолжува да ги поместува границите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, откако изведе салто на грб во кратката програма на тимското натпреварување за време на слободната програма. Неговиот историски настап и помогна на американската репрезентација да го освои златниот медал.
Настапот на Малинин беше оценет со 200,03 поени, што му овозможи да го престигне Јапонецот Шун Сото. Таа предност пред Сото беше клучна за американската репрезентација да ја обезбеди одбраната на златниот медал освоен на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Прв ваков потег по 28 години
Тимот на САД го заврши натпреварувањето со 69 поени, само еден поен пред Јапонија. Италија ја обезбеди бронзата со 60 поени по слободна рутина на Матео Рицо, кој го заврши настапот трчајќи и лизгајќи на колена кон своите соиграчи. Ова е втор златен медал за САД, откако Бризи Џонсон победи во спуст за жени.
Со салтото на една нога, Малинин стана првиот лизгач што го направил тоа по француската лизгачка Сурија Бонали на Игрите во Нагано во 1998 година.
Малинин сега го воодушеви српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, кои го гледаа неговиот настап.
💥 LA QUE TIENES QUE ESTAR LIANDO PARA DEJAR ASÍ A DJOKOVIC
😍 La reacción de Novak Djokovic a una actuación de Ilia Malinin que le ha valido el oro a los Estados Unidos
🎥 @david_lrl#MilanoCortina2026 pic.twitter.com/vgY0TG8jSe
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) February 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

