ВИДЕО: Апсолутен скандал во Дејвис купот – Нападнати тенисери, летаа шишиња на сите страни…

Натпреварот од Првата светска група во Дејвис купот меѓу Мароко и Колумбија во Казабланка не можеше да помине без непријатни сцени.

Имаше многу тензии за време на дуелот, а сè кулминираше откако Николас Мехија го донесе решавачкиот поен за својот тим.

Мехија го победи Реда Бенани со 2-1 во сетови и со тоа им го донесе третиот поен на Колумбијците во овој натпревар.

Тој го прослави триумфот многу бучно, провокативно, што ги вознемири локалните навивачи кои почнаа да фрлаат на теренот тврди предмети, шишиња и сакаа и да се пресметаат со Колумбијците.

Колумбијците мораа да бидат вратени во хотелот со помош на локалната полиција која ги извлече од теренот.

Се вчитува...