Лина Ѓорческа напредуваше 12 места на најновата ВТА листа – Се доближува до најдобриот ранкинг во кариерата!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше цели 12 места на најновата ВТА ранкинг листа објавена денеска.

На листата во поединечна конкуренција, Ѓорческа напредувајќи 12 позиции дојде до 182. место со 387 бода.

Сето тоа за сериозно доближување до најдобриот свој ранкинг во кариерата, 170. место кое го имаше на 12 јуни 2017 година.

На врвот на листата без промени, на врвот е Арина Сабаленка, пред Ига Швјонтек од Полска и Елена Рибакина од Казахстан, а потоа следат три Американки, Аманда Анисимова, Коко Гоф и Џесика Пигула.

Се вчитува...