РК Вардар од денеска пушти во продажба блок-билети за следните два домашни натпревари од главната фаза во ракометната Лига Европа против Мелсунген и Бенфика.
„Една недела ќе трае продажбата на блок-билетите по оваа цена, а потоа ќе продолжи продажба, но на поединечни билети кои ќе имаат повисока цена. Со блок билетите го резервирате вашето седиште за двете средби на Вардар во Лига Европа“ – информираат од црвено-црниот табор.
Најевтините блок билети за двата натпревари чинат само 300 денари. Блок-билетите ќе се продаваа од денеска (понеделник – 9 февруари 2026) па се до 16 февруари 2026 година до полноќ.
Продажбата на блок билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.
Купување на блок билет можете да направите на следниот линк – https://ticketx.com.mk/events/vardar-blok01
Натпреварот Вардар – Мелсунген е закажан за 24 февруари во 20,45 часот, а дуелот Вардар – Бенфика ќе се игра на 3 март во 20,45 часот.
Цените на блок билетите се следните:
Блок: A2, A3, A5, A6 – 700 денари
Блок: G, 5, 6, 13, 14 – 600 денари
Блок A1, A4, 4, 7, 12, 15 – 500 денари
Блок: 3, 8, 11, 16 – 400 денари
Блок: A, 1, 2, 9 – 300 денари
Вардар ја стартува главната фаза од Лига Европа со два бода, а во групата се уште и екипите на Мелсунген, Бенфика и Кристијанштад. Со шведскиот тим Кристијанштад веќе Вардар играше во групната фаза и го победи на мечот во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

