Талески и Татабања го чекаат ГРК Охрид во финалето на ЕХФ купот

Екипата на Татабања во која е и нашиот Филип Талески е првиот патник во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, откако во реванш-пресметката од полуфиналето успеа да го елиминира претставникот од Босна и Херцеговина, Извиѓач.

Иако на првиот натпревар Босанците славеа со два гола разлика, унгарскиот тим пред домашната публика одигра офанзивен меч и победи со 37-34, што беше доволно за вкупен триумф и пласман во завршницата.

Талески на овој меч постигна еден погодок. Во финалето Татабања го очекува подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат македонскиот ГРК Охрид и Целје Пивоварна Лашко.

Се вчитува...