Македонија напредуваше за четири места на ЕХФ ранкинг листата: Сега е 15-та ракометна сила во Европа!

Македонската ракометна репрезентација напредуваше за четири позиции во однос на минатата година на најновата ранкинг листа на Европската ракометна федерација.

Настапотна Европското првенство 2026, донесе дополнителни бодови за Македонија на листата, па сега националниот тим е на 15. место во Европа со 31,25 коефициент бодови, притоа реализирајќи скок од четири места во однос на ранкингот од минатата година.

Според начинот на пресметување, ЕХФ во предвид ги зема последните четири години учества на големите натпреварувања, со тоа што последните две години учествуваат со 100% во бодувањето а претходните две со 50% во бодувањето и пресметувањето на коефициент бодот.

Најдобри три селекции на листата се Данска со 118 бодови, Франција со 94 бода и Германија со 91 бод. Понатаму следат Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија во Топ 10. Пред Македонија се уште Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија.

Веднаш зад Македонија на листата се Србија, Фарските Острови, Чешка, Полска и Италија.

Се вчитува...