Дарио Шариќ по 10 години во НБА пред камбек во Евролигата

Хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ наскоро би можел да се врати назад во Евролигата по 10 години поминати во НБА.

Трисесетидвегодишникот неодмана остана без клуб откако беше отпуштен од страна на Детроит Пистонс па се поверојатно е дека овој пат ќе ја искористи опцијата за враќање назад на „стариот континент“ со оглед на тоа што во последните две години одигра само 21 натпревар.

Како следна дестијација за крилниот цетнар се јавува Панатинаикос. Грчкиот гигант е во потрага по засилување под обрачите, а и покрај тоа што голема желба на раководството беа Гершон Јабуселе и Најџел Хејс-Дејвис, овие двајца ја одбија понудата на „зелените“.

Сега сите погледи се насочени кој Шариќ кој се очекува да добие мега-понуда.

Се вчитува...