Светското ракометно првенство ќе биде одржано во јануари 2027 година, а и покрај тоа што од него не делат речиси 11 месеци веќе започнаа подготовките за ждрепката која ќе се одржи во месец јуни.
19 учесници се веќе познати, а остануваат уште 13 отворени места пред да се комплетира сликата за учесниците.
ИХФ веќе направи распределба по рангови со која Македонија се најде во вториот шешир пред разигрувањето во кое ја очекуваме подобрата репрезетнација до дуелот на Украина и Словачка.

Списокот на учесници ќе биде комплетиран со победникот на Првенството на Северна Америка и Карибите, десет репрезентации од европските баражи во мај 2026 година, како и две вајлд-карти кои ќе бидат доделени од страна на ИХФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

