Големата српска надеж испратена во „Џи-лига“

Српскиот кошаркар на Оклахома, Никола Топиќ е испратен во развојниот тим на оваа НБА франшиза во „Џи-лигата“ и до крајот на сезоната ќе настапи за Оклахома Сити Блу.

Големата надеж на српската кошарка оваа сезона не настапи на ниту еден натпревар бидејќи во октомври му беше дијагностициран канцер на тестисите.

Рехабилитацијата на 20-годишникот се одвива во посакуваното темпо и тој ќе ја враќа формата во развојното натпреварување. Доколку не се појават нови компликации голема е веројатноста дека ќе се врати во НБА пред крајот на сезоната.

Се вчитува...