Леонид Игњатов потпиша за мостарски Вележ (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Леонид Игњатов својата кариера ја продолжува во суперлигашот од БиХ, Вележ Мостар.

Денеска Игњатов потпиша двегодишен договор со еден од најпознатите клубови од БиХ, со важност до крајот на 2027 година.

Леонид Игнатов е роден на 4 јануари 2002 година во Скопјe. Тој започна во младинските селекции на Вардар, по што стана член на првиот тим на гореспоменатиот тим во 2019 година. Една година подоцна се приклучи на Хајдук Сплит, каде што остана една година, по што се врати во Македонија, овој пат во ФК Скопјe. Покрај овие два споменати тима, во досегашната кариера играше и за Силекс и Арсими од каде сега се приклучува на Вележ.

Крилниот офанзивец настапуваше за сите младински селекции на македонската репрезентација.

Се вчитува...