Богатата програма на НБА-терените мина во знакот на масовната тепачка во Шарлот по која беа исклучени четири кошаркари на Шарлот и на Детроит.
Се почна од еден прекршок во рекетот по кој во клинч влегоа Џелен Дурен од Детроит и Муса Дијабите од Шарлот, најпрвин тргнаа со туркање „глава на глава“,, но набрзо потоа почнаа да летаат и удари. Во масовниот конфликт се вклучија и кошаркарите од клупите, па на крајот судиите исклучија четири играчи, Дијабите и Бриџис од Шарлот и Дурен и Стјуарт од Детроит.
Тензиите продолжија до самиот крај на мечто, па исклучен беше и домашниот тренер кого сопствените кошаркари мораа да го задржат да не влезе во фиички конфликт со судиите, па беше испратен на „ладење“ во соблекувалната.
The #Pistons cant ever seem to stay out of these big fights. #HiveMentality #DetroitBasketballpic.twitter.com/xVUu0BjMBu
— Ravori Sports (@RavoriSports) February 10, 2026
Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл, но и тоа не беше доволно за Денвер да слави на домашен терен против Кливленд. Нагетси го загубија драматичниот меч со 117-119, Српскиот центар пред самиот крај имаше тројка за победа, но не успеа да погоди, па попусти ми беа оние 22 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Харден беше херојот на Кливленд со 32 поени, притоа погодувајќи ја и клучната тројка на 32 секунди до крајот за гостинскиот тим.
Шампионот Оклахома Сити во дербито на „западот“ славеше во Лос Анџелес над ЛА лејкерс со 110-119. Гостите беа без Гилџус-Александер, кај лејкерси повторно го немаше Дончиќ, а во таквата ситуација подобро се снајдоа актуелните прваци, кои стигнаа до победата предводени од Вилијамс со 23 и Џо со 19 поени. Леброн Џејмс со 22 поени и 10 асистенции беше клучна фигура во таборот на „езерџиите“, кои со овој пораз ја прекинаа серијата од три победи.
Резултати НБА:
Шарлот – Детроит 104-110, Бруклин – Чикаго 123-115, Мајами – Јута 111-115, Орландо – Милвоки 118-99, Минесота – Атланта 138-116, Њу Орлеанс – Сакраменто 120-94, Денвер – Кливленд 117-119, Голден Стејт – Мемфис 114-113, ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 110-119, Портланд – Филаделфија 135-118.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

