Превц остана без медал, но ја покажа својата големина

Првото натпреварување во ски-скокови на ЗОИ 2026 донесе и огромно изненадување, откако суперфаворизираниот Домен Превц го освои само шестото место на малата скокалница.

Словенецот делуваше далеку од топ-форма, по првата серија се наоѓаше на осмото место, а по вториот скок стигна само до шестата позиција, премалку од главниот фаворит за златото.

Сепак, Превц ја покажа својата големина со искрена честитка до освојувачите на медали…

„Морам да кажам дека распределбата на медалите е навистина „убава“. Рајмунд веќе со години работи напорно, јас искрено го ценам како спортист кој секогаш е со добра болја, подготвен да им помогне на останатите. Тоа што двајца се најдоа на второто место е навистина специјално, речиси магично за мене, бидејќи во моите очи тоа е најдобар можен исход, што повеќе луѓе да стигнат до олимписки медали.А тука го имаме и младото момче од Полска на второто место, што е вистински шлаг на тортата. Честитки до сите“, прокоментира во голем стил најдобриот ски-скокач на денешницата.

Се вчитува...