Нова инвестиција на ФФМ: Нов современ дигитален амбиент на „Тодор Проески“ (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија реализираше уште едно ветување со доаѓањето на првиот човек Масар Омерагиќ на чело на македонскиот фудбал, со поствувањето на 210 метри спопствен ЛЕД екран на нашиот најголем стадион.

Просторот покрај теренот на арената „Тодор Проески“ осовремен согласно најновата технологија, како начин за вистински дигитален амбиент за поддршка на партнерите на ФФМ.

„Инвестиција за подобро искуство на натпреварите, поголема видливост за нашите партнери и дигитален фудбалски амбиент. До сега, единствено во Македонија рекламите на стадионите се поставуваа преку “дрвени табли”. Правиме исчекор кон современите стандарди. Без изнајмување, со јасна визија. Уште едно исполнето ветување, уште еден конкретен чекор кон професионализација и стандарди какви што заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во Македонија“ – порача првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Се вчитува...