Мишко Ражњатовиќ со години важи за еден од најдобрите менаџери во кошаркарска Европа, кој застапува бројни суперѕвезди, какоо во Евролигата, така и во НБА.
Тој како гостин на една емисија во Србија говореше на најразлични теми, но и обелодени неверојатна анегдота поврзана со Матијас Лесор. Францускиот центар кој е миленик на навивачите на Партизан ја избрал Црвена Звезда пред „црно-белите“ кога имал две понуди на маса, што било причина за прекин на соработката меѓу него и Ражњатовиќ.
„Еве една приказна што никој во животот ја нема слушнато. Матијас Лесор беше мој играч, а јас во тоа време бев во САД. Беше септември и му се јавив: имаш неверојатна ситуација и понуди и од Партизан и од Црвена Звезда. Партизан играше Еврокуп, но даваше повеќе пари, Црвена Звезда во Евролига, но со пониска понуда. Ми рече дека ќе размисли, потоа ми се јави и ми кажа дека оди во Партизан. Следниот ден ми стана чудно, бидејќи цел ден не ми одговараше на повиците. Кога ми се јави, ми рече: Мишко, извини не знам како да ти кажам… јас се збунив, сакам во Црвена Звезда, не знам како сум ти кажал Партизан. Не можев да поверувам, му објаснив дека ако сега замине во Црвена Звезда јас ќе бидам виновникот, дека преку Партизан сум ја „билдал“ цената кај Црвена Звезда. И тука ја прекинавме соработката, му се заблагодарив за се, тој е одлично момче, но моравме да прекинеме. Се друго е познато, тој прво мина три месеци во Макаби, па пак беше достапен на пазарот и дојде во Партизан“, открива Ражњатовиќ во разговор за емисијата „Super indirektno kod Popa i Milana“..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

