Украинецот Владислав Хераскевич, знаменосецот за својата земја на отворањето на Зимските олимписки игри во Кортина, за време на тренингот пред својот настап, носеше шлем со фотографии од сонародници кои се убиени за време на актуелната војна на Украина со Русија.
Пред неговиот настап на Олимписките игри, тој вети дека ќе ги искористи Игрите за да ја потсети светската јавност на конфликтот во Украина, како што направи пред четири години во Пекинг.
На шлемот се млади спортисти убиени во војната со Русија
„Некои од нив беа мои пријатели“, рече Хераскевич за личностите на шлемот. На него се портрети на младата кревачка на тегови Алина Перехудова, боксерот Павел Ишченко, хокеарот Олексиј Логинов, актерот Иван Кононенко, нуркачот Микита Козубенко, стрелецот Олексиј Хабаров и танчерката Дарија Курдел. Меѓународниот олимписки комитет му забрани на Хераскевич да продолжи да ја носи на Игрите „кацигата за сеќавање“, како што беше наречена.
„ИОК целосно ја разбира желбата на спортистот да им оддаде почит на пријателите кои ги загубија животите во конфликтот. Тој го стори тоа за време на тренингот и ги изрази своите чувства на социјалните мрежи, но сепак сметаме дека таа кацига е контроверзна. Постојат правила што ги разбираат сите Национални олимписки комитети. Луѓето можат да побараат исклучок, но мора да има добра причина за да се разгледа тоа исклучок“, рече портпаролот на ИОК, Марк Адамс.
Тој додаде дека како знак на компромис, на Хераскевич ќе му биде дозволено да ја носи црната флора за време на натпреварот.
Хераскевич и Зеленски се огорчени
На оваа реакција од ИОк одговори и самиот Хераскевич.
„Ова не е фер. Верувам дека не сум ја прекршил олимписката повелба затоа што не дискриминирам никого со мојата кацига, ниту пак водам политичка пропаганда“.
И украинскиот претседател Владимир Зеленски застана на негова страна, критикувајќи ја забраната.
„Вистината не може да биде чудна, несоодветна или да се нарече политичка акција“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

