Словенечката мешана репрезентација во ски-скокови, и го донесе на својата земја првото злато на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина Д’Ампецо во 2026 година.
Тимот го сочинуваа Домен и Ника Превц, Анже Ланишек и Ника Водан. Среброто и припадна на Норвешка, додека бронзата ја освоија Јапонците.
Словенечките скокачи ја изведоа првата серија со голем успех. Ника Водан ги предводеше на почетокот со скок од 100 метри, а Анже Ланишек го изведе својот најдобар скок, кој беше два метра подолг. По нивните настапи, Словенија беше 6,3 поени пред второпласираната Австрија. Предноста беше задржана и по скокот од 97,5 метри на Никa Превц.
Словенците во финалната серија продолжија со импресивни скокови. Водан лесно ја прескокна зелената линија и слета на 98,5 метри. Во својата група, само Норвежанката Ана Одине Стром беше подобра со 101 метар, што го врати нејзиниот тим на второто место пред Јапонија.
Ника Превц скокна 98,5 метри во третата серија, освојувајќи 132,7 поени, додека нејзиниот брат Домен го потврди триумфот со скок од 102,0 метри. Тој скок ѝ донесе на Словенија уште 141,5 поени, за вкупно 1069,2 поени и прво место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

