Само неколку часа по завршувањето на Супербоул 2026 , американските спортови беа потресени од шокантна вест. НФЛ играчот Кејон Вајт (27) беше застрелан во Сан Франциско и итно префрлен во болница, каде што беше опериран.
Според полицијата и американските медиуми, дефанзивниот играч на Сан Франциско 49ерс бил повреден во понеделник наутро по инцидент во градот. Според извештаите, тој бил застрелан во ногата, но повредата не е опасна по живот.
Полицијата потврди дека пукањето се случило по вербална расправија меѓу двете групи. Според извештаите на медиумите, раперот Лил Бејби наводно бил вмешан во инцидентот, иако засега нема официјална потврда за неговата улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

