Кошаркарите на Тренто со 76-68 о совладаа тимот на Улм во рамките од ФИБА Еврокупот, и така дојдоа до важна победа за пласман меѓу најдобрите шест тима.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски постигна 11 поени во нешто повеќе од 23 минути минати на паркетот. Имаше шут од 2/5 за два поени, 2/3 за три поени, и 1/2 од линијата за слободни.
Со овој триумф, Тренто и дефинитивно е на петата позиција на табелата со скор од 11-7, и се пласираше во 1/8 финалето во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

