Нова страшна повреда на ЗОИ: Австралиски натпреварувaч заработи две скршеници на вратот

Сноубордерот Кам Болтон претрпе сериозна повреда пред неговото четврто учество на Зимските олимписки игри. 35-годишниот Австралијанец се повреди за време на тренинг за сноуборд крос во понеделник кога падна на падината.

Откако се разбудил во вторник наутро, почувствувал зголемена болка во вратот, поради што бил префрлен на дополнителни прегледи. Деталните прегледи и снимањето покажале дека претрпел две фрактури на вратот.

Поради сериозноста на повредата, Болтон беше евакуиран од планината со хеликоптер и транспортиран на понатамошно лекување, а за време на транспортот беше придружуван од официјален претставник на австралиската репрезентација.

Директорката на австралиската олимписка мисија, Алиса Кемплин, нагласи дека спортистот е под постојан медицински надзор и дека неговата сопруга му се придружила во болницата.

„Кам сакаше да се увери дека неговите соиграчи разбираат што се случува и дека знаат дека е добро, дека се чувствува добро и дека за него се води добра грижа. Тој знае колку сериозно го сфаќаме целиот процес на поддршка околу него и комуникацијата беше многу добра. Горда сум на нивото на грижа“, рече Кемплин.

Се вчитува...