Дени Мусовски, играчот на Сиетл Сандерс прифати да игра за Македонија. Тој во најновиот поткаст на ФФМ кажува што за него значи да се биде дел од репрезентацијата.
Мусовски напомена дека и неговите родители биле возбудени откако слушнале дека ќе биде повикан за македонската репрезентација. Мусовски се заблагодари на сите кои му помагаат да се адаптира на новата средина.
„Моите родители беа премногу возбудени кога ги слушнаа вестите дека ќе бидам повикан во македонската репрезентација. Тоа е нешто големо за мене, дел од мојата историја, дел од моите корени и како јас сум пораснат. Возбудувањето е големо, светското првенство е во САД и дефинитивно имаме шанси. Го запознат селекторот, спортскиот директор, претседателот на федерацијата, сите се многу добри и гостопримливи, и сите ми помагаат да се прилагодам“, рече Мусовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

