Шокантно: Моника Селеш се бори со тешка болест

Легендарната тенисерка Моника Селеш има сериозни здравствени проблеми кои и го попречуваат нормалниот живот. Таа обелодени дека уште во 2022 година и е дијагностициран мијастенија гравис, ретка и хронична автоимуна болест која предизвикува ослабување на мускулите.

Првите симптоми Моника ги почувствувала токму на местото каде што некогаш доминираше, на тенискиот терен, при рекреативното играње со семејството и со пријателите.

„Ми се случуваше да играм со деца или со членови на семејството и едноставно да го промашам топчето. Си помислив, па јас гледам по две топчиња одеднаш, тоа се симптоми што не смеат да се игнорираат“, открива легендарната југословенска тенисерка.

Таа има проблеми и во секојдневниот живот, бидејќи болеста доведува до значително слабеење на мускулите на рацете, па сега дури и рутински работи како сушење на косата и создавааат проблеми на Миника.

„Кога ми ја поставија дијагнозата бев шокирана, не ми беше јасно. Затоа и не можам да нагласам колку ќе ми беше полесно ако постоеше некој друг човек што јавно би говорел за оваа болест, за да постојат повеќе информации. Затоа сега јас говорам, за да ја подигнеме свеста меѓу луѓето за оваа ретка болест“, порачува Селеш.

Се вчитува...