Линдзи Вон требаше да биде хероина со настапот со повредено колено, но страшниот пад на спустот на ЗОИ придонесе сега Американката од болнички кревет да ги следи возбудувањата во Милано и во Кортина.
Лекарите се уште се борат да ја стабилизираат нејзината состојба по скршеницата на левата нога, а Вон денеска преку објава на социјалните мрежи обелодени дека и е извршен и трет хируршки зафат во последните 72 часа.
„Денеска имав и трета операција што мина успешно. Зборот успех денеска има сосема поразлочно значење отколку пред неколку недели. Напредувам, и колку и да делува бавно, знам дека се ќе биде добро“, објави Вон.
Американката притоа објави и фотографија од болничкиот кревет, со повредената нога, што во најмала рака делува застрашувачки.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

