Неверојатна спортска приказна ќе биде испишана на овие Зимски Олимписки Игри откако за првпат во историјата мајка и син ќе бидат дел од овој масовен спортски настан.
Мексиканката Сара Шлепер следната седмица ќе наполни 47 години, таа ќе стане најстарата алпска скијачка што била дел од едни ЗОИ, но овој настап ќе биде уште поспецијален ако се знае дека боите на Мексико ќе ги брани и нејзиниот 18-годишен син Ласе Гаксиола.
Мајката планира да настапи во супервелеслалом и во слалом, додека синот ќе биде дел од слаломската трка во машка конкуренција. Инересно, Шлепер првиот настап на ЗОИ го имаше во Нагано во 1998, а оттогаш не настапи само во Сочи во 2014, па за неа ова ќе бидат седми Олимписки Игри.
„Косата ми е малку обелена, тоа е се… Се чувствувамм добро, возбудена сум пред трката, ќе дадам се од себе. Среќна сум што сум тука со синот, за него се ова е сосема ново. Можеби е добро што сум блиску до него да го насочувам“, коментира мексиканската скијачка ветеранка.
За приказната да е комплетна, таа пред 15 години на трката од Светското првенство во Линц се симна низ целта држејќи го тогаш тригодишниот Ласе во рацете.
Сега, двајцата испишуваат олимписка историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

