Падна договор: Воркапиќ веднаш доаѓа во Вардар!

Вардар ќе добие уште едно големо засилување за клучниот дел од сезоната откако е постигнат договор Вукашин Воркапиќ веднаш да им се приклучи на „црвено-црните“ од редовите на Војводина.

Крилниот ракометар веќе го имаше договорено трансферот во Вардар од јуни 2026, но финансиските проблеми на српскиот тим надополнети со зголемениот интерес на македонскиот гигант придонесоа трансферот да се забрза, па српскиот ас веднаш да им се приклучи на „црвено-црните“.

Како што информира српски „Моцарт Спорт“, сите детали се договорени и Воркапиќ како и доскорешниот соиграч од Војводина, Бразилецот Жоао Педро да Силва, веќе на почетокот од 2026 да дојде во Вардар наместо да го чека летото за овој трансфер.

Воркапиќ беше дел од српската репрезентација на Европското првенство во Хернинг, каде десното крило најдобриот меч го одигра против Германија, постигнувајќи пет погодоци.

Вардар моментно е лидер на табелата, но нема сомнеж дека со овие два трансфери „црвено-црните“ јасно ставаат до знаење дека се решени да стигнат до титулата и следната сезона повторно да заиграат во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...