Цветановска го освои 105. место на 10 километри слободно

Ана Цветановска ја заврши трката на 10 километри слободно во нордиско скијање откако македонската олимпијка го освои 105. место на ЗОИ 2026.

Цветановска ја мина делницата за време од 31:32 минути, што е за осум минути и 43 секунди послабо време од новата олимписки шампионка, Фрида Карлсон од Шведска, која стигна до златото со време од 22:49 минута. Карлсон имаше огромна предност во однос на второпласираната сонародничка Андерсон (46 секунди послабо време) и бронзената Американка Џеси Дигинс (49,7 секунди послабо време од олимписката шампионка).

Во трката учествуваа вкупно 111 олимпијки, три од нив не стигнаа до целта, а Цветановска оствари подобро време од Ања Илиќ од Србија, Џени Ериксен од Малта и Реџина Мартинез од Мексико.

Се вчитува...