Македонската репрезентација ги доби своите противници за новата сезона во Б-дивизијата од Лигата на нациите на УЕФА.
Денешната ждрепка во Брисел, сакаше Македонија во првото свое учество во втората по квалитет лига, откако се избори за место по претходниот настап во Ц Лигата, да се најде во група со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија!
„Жешка“ група за националниот тим. Македонија, за првпат во својата историја ќе се соочи со селекцијата на Швајцарија, против која досега нема ниту еден натпревар, а тука се и добро познатите противници Шкотска, како и Словенија со која досега сме имале само пријателски натпревари.
Натпреварите оваа година во Лигата на нациите ќе се играат од септември до ноември, по два натпревари во трите есенски месеци.

Беа извлечени и групите за Ц-дивизијата од годинашното издание на Лигата на нациите.

Извлечени се и групите во Д-дивизијата….

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

