Македонската репрезентација ги доби противниците за настапот во најновото издание од Лигата на нации.
Нашата селекција е дебитант во Б конкуренцијата, во која ќе игра против Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Предводникот на националниот тим Гоце Седлоски со респект кон репрезентациите со кои ќе се соочиме, но и верба во своите избраници кои можат да докажат дека Македонија сосема заслужено се наоѓа меѓу нив.
“Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува“ – истакна Седлоски веднаш по ждрепката во Брисел, која ја следеше заедно со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, директорот на националните селекции Горан Пандев и генералниот секретар Јандриоски, притоа дополнувајќи:

„Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б. Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот. Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот”.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

