Нено Димитријевиќ со најдобaр меч во Евролигата – „дабл-дабл“, но Баерн поразен по продолжение во Тел Авив (ВИДЕО)

Во вистински драматичен натпревар, Баерн Минхен и Ненад Димитријевиќ загубија по продолжение на гостувањето против Макаби Тел Авив во Евролигата со 111-106.

Баерн имаше негатива по првите две четвртини, но дојде до пресврт во третиот период благодарение само на Нено Димитријевиќ кој ја одигра најдобрата своја партија во Евролигата, на крајот завршувајќи со „дабл-дабл“ ефект од 15 поени, 10 асистенции и три скока.

Македонскиот кошаркар извонредно, пред се, асистираше за своите соиграчи во второто полувреме, но и поентираше за да Баерн Минхен дојде до израмнета завршница на крајот.

А, феноменалната партија на крајот од регуларниот дел Нено ја круниса со неверојатна тројка под фаул на 9 секунди пред крајот на последната четвртина. Макаби имаше предност од 98-95 на 15 секунди до крајот на последната четвртина. Во последниот напад кога сите очекуваа Обст да го преземе последниот шут за израмнување, тоа го прави Нено Димитријевиќ и на 9 секунди пред крајот погодува феноменален шут за три поени под прекршок, и го погодува и дополнителното слободно фрлање за 98-99.

Но, во последниот напад домашните добија две слободни фрлања од кои погодија само едно за 99-99 и за продолжение. А, во продолжението Макаби поконцентриран за победа од 111-106.

Соркин беше најдобар кај Макаби со 21 поен, додека кај Баерн дури 33 поени имаше Обст, но имаше и промашени шутеви и слободни фрлања во одлучувачките моменти. Нено Димитријевиќ беше најдобриот кај Баерн со 15 поени, 10 асистенции и три скока.

Се вчитува...