ГРК Охрид добива половина милион евра од Општина Охрид

Општина Охрид ја објави распределбата на финансиските средства од програмата „ЛО спорт и рекреација за 2026 година“, па како и минатата година сосема очекувано најголема финансиска помош, како и минатата година, најдобриот спортски колектив од градот, ГРК Охрид.

На сметката на ракометниот клуб, со одлука на Советот на општината, ќе бидат префрлени 30 милиони денари (околу половина милион евра).

Според финансиската распределба за спортот, фудбалскиот клуб ќе добие 12 милиони денари, додека за кошаркарскиот клуб се предвидени пет милиони денари.

„Оваа висока финансиска инјекција треба да овозможи уште посериозен развој во ГРК Охрид, стабилност во играчкиот кадар и поголеми амбиции во домашната и европската сцена. Во клубот веќе неколку сезони се работи континуирано на подигнување на организациското и натпреварувачкото ниво, а поддршката од локалната самоуправа претставува важен предуслов Охрид да продолжи да се етаблира како значајна ракометна средина во земјата“ – информираат од општина Охрид.

Се вчитува...