Страшен пад во натпреварот на забивања на Ол-стар (ВИДЕО)

Натпреварот во забивања на НБА Ол-старот, одамна го нема сјајот. Претходно ова натпреварување се чекаше со нетрпение, а како одминува времето, натпреварувачите немаат нешто ново да понудат, со исклучок на некои години кога гледавме на паркетот автомобили, преку кои скокаа кошаркарите и забиваа.

Титулата му припадна на Кишад Џонсон, кој нема важна улога во Мајами, но на крајот успеа да слави во забивања.

На крајот избегнат е поголем инцидент, откако Џејс Ричардсон во обидот да забие, падна незгодно на паркетот. Имено, синот на легендарниот Џејсон Ричардсон не успеа да забие, се лизна и ја удри главата од подот. За среќа, сè беше во ред, и тој веднаш се исправи на нозе. 

Се вчитува...