Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс го доби МВП признанието за Ол-стар натпреварот во 2026 година. Тој го предводеше својот тим „ѕвезди“ до триумф од 47-21 против сонародниците од составот „Пруги“ во финалето на ревијалниот турнир одржан во Лос Анџелес.
Тоа беше четврта година со нов формат на Ол-стар средбата, а овој пат американските екипи се спротивставија на екипата од светот. Целта беше да се поттикне националната гордост и натпреварувачкиот дух во годината на Олимписките игри.
Одиграни беа три возбудливи натпревари по 12 минути во групната фаза кои беа одлучени во самата завршница по што следеше и големото финале.
Едвардс на првиот натпревар постигна 13 поени, во втората додаде 11, а финалето го заврши со осум поени што беше доволно за трофејот „Коби Брајант“ да заврши во негови раце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

