Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ одигра одличен натпревар во дресот на Стони Брук, кој ноќеска на домашен терен славеше над директниот ривал Дрексел со 72-69 во рамките на CAA конференцијата во НЦАА.
Шошкиќ помина 37 минути на паркетот и заврши со 14 поени, 2 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки. Ова беше седма победа на Стони Брук во последните девет натпревари, а македонскиот плејмејкер имаше двоцифрен учинок на осум од тие девет меча.
Со победата, Сивулфс се искачија на четвртото место на табелата, оставајќи ги во трка дури и за третата позиција. Пред крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште четири кола, по што следува плејофот и „Мартовското лудило“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

