Башкими триумфираше со минимални 1-0 против Пелистер во последниот натпрвар од 18. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Кумановци до победата дојдоа со погодокот на Хасан во 38. минута кој умешно стрелаше по корнерот во 38. минута од средбата.
„Пелистерци“ имаа неколку убави можности во второто полувреме да дојдат до израмнување, пред се за издвојување шансите на Петар Петковски и Вилдан Керим, но сепак домашните се одбранија за конечен триумф од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

