Македонската кошаркарска репрезентација утре од 17 часот во Баку против Азербејџан ја очекува нов натпревар во претквалификациите за Евробаскетот.
По претходната победа над Луксембург, се очекува Македонија повторно да ја оправда фаворитската улога. Тоа го очекува и најдобриот поединец во нашите редови, Андреј Јакимовски.
„Против Луксембург одигравме еден добар натпревар, посебно во одбрана, пред се во првото полувреме кога примивме само 32 поени. Во нападот имавме и грешки, но тоа, мислам дека е сосема нормално затоа што заедно сме само четири дена со новиот селектор, кој си има свој систем на игра. Се обидовме да вметнеме нови правила во игра, и во нападот и во одбраната, но мислам дека сепак за сето тоа треба време и затоа може да го оцениме овој натпревар како позитивен“ – вели Јакимовски, пред утрешниот дуел и дополнува:
„Репрезентацијата на Азербејџан добро ја познаваме, играме против нив дома. Знаеме со што се располагаат, верувам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе се вратиме во Македонија со победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

