Милан со два гола во судиското продолжение некако го победи Кремонезе (ВИДЕО)

Милан некако успеа да се врати на победите во Серија А, откако по претходното реми и пораз од Парма, триумфираше со 0-2 на гостувањето против Кремонезе, и тоа со два гола во судиското продолжение.

По долга борба да дојдат до погодок, „миланезите“ поведоа со голот на српскиот репрезентативец Павловиќ во првата минута од судиското продолжение.

А, потоа во 94. минута погоди и Леао за 0-2.

Се вчитува...