ВЛАДО ИЛИЕВСКИ во „ПРЕСИНГ“: Моја прва љубов беше фудбалот, а прв спорт – каратето! Но, тргнав по стапките на брат ми…! (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваше едно од најголемото имиња на македонскиот спорт во историјата, Владо Илиевски.

Меѓу бројните теми во спортскиот подкаст на ЕКИПА, легендата на македонската кошарка а актуелен директор на националните селекции во Кошаркарската федерација, зборуваше и за своите почетоци во спортот.

Илиевски откри дека негова прва спортска љубов, сепак, е фудбалот, но прв официјален спорт кој почнал да го практикува каратето.

„Морам да кажам дека како млад сите спортови ги сакав. Почнав со фудбал на улица. Тоа е мојата прва љубов. Подоцна дојде кошарката, а потоа и одбојката. Но, прв официјален спорт ми беше карате. Прв спорт на којшто се запишав беше карате. После тоа бев во школскиот одбојкарски тим, па се запишав и во фудбалскиот тим на Беласица. Но, по неколку тренинзи брзо малку се разочарав, и веќе мојот брат (Димче Гаштарски) беше почнат со сериозно тренирање на кошарка, така да и јас некако отидов по негови стапки во кошарката. Но, тој беше во друг клуб во Струмица, во Македонија 91, а јас во Неметали Огражден. И, се создаде таа уште поголема љубов, отколку што ја имав претходно, кон кошарката. Мислам дека љубовта во кошарката толку брзо растеше во мене, што едноставно ми стана опсесија. Едноставно, веќе после првата година знаев дека е тоа – тоа“ – раскажува Владо Илиевски.

=================================================
ЦЕЛИОТ СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ВЛАДО ИЛИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...