Мурињо се одлучи да му дели на светот „лекции“ за човековите права!

Светот на фудбалот ќе ја памети прес-конференцијата на Жозе Мурињо, кој конечно одлучи да зборува за случајот со расизам на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид и суспензијата на фудбалерот Џанлука Престијани.

На Мурињо не му се допаѓа фактот што неговиот фудбалер беше однапред осуден за расизам. Тој верува дека тренерот Алваро Арбелоа требало да се стави во неутрална позиција додека не заврши истрагата.

„Го сакам Алваро и ќе го сакам, но мислам дека јас го зазедов вистинскиот став. Зборував на таа тема дури откако тие од Реал почнаа со прозивки по медиумите. Реков дека, ако некој треба да биде неутрален, тоа сум јас. Не сакав да ја бранам својата страна, ниту да го обвинувам другиот. Го употребив терминот „Не сакам да го носам црвениот или белиот дрес“. Сакам да бидам непристрасен во случај што потенцијално би можел да биде многу сериозен. Она за што зборував е во Декларацијата за човекови права, а станува збор за презумпција на невиност. Кога реков дека како граѓанин сум целосно против секаков вид дискриминација, предрасуди, незнаење или идиотизам, мислам дека едноставно го почитував тоа, додека другите не го почитуваа“ – истакна Мурињо.

Џанлука Престиани е завршен со Бенфика ако биде осуден за расизам.

„Ако мојот играч не ги почитува тие принципи, кои се и мои и на клубот, неговата кариера со тренерот по име Жозе Мурињо и клубот по име Бенфика е завршена“, е јасен Мурињо, продолжувајќи ја приказната:

„Не бев некој посебно одличен ученик, но не бев ниту слаб. Презумпцијата на невиност е човеково право, нели? За жал, за да отстранат играч, УЕФА го откри членот 426.328, кој беше скриен. И тие исто така отидоа во насока што не го вклучува зборот „ако“. „Јас стојам на мојот став. Ако играчот е навистина виновен, никогаш повеќе нема да го гледам на ист начин. Тоа е крајот за мене. Но, морам да го вклучам зборот „ако“ многу пати.“

„Како граѓанин и тренер, жестоко отфрлам секаков вид дискриминација и предрасуди. Точка. Им советувам на некои луѓе да одвојат пет минути за да ја прочитаат Универзалната декларација за човекови права. Станува збор само за 30 точки, но има една или две што ми се чинат фундаментални.“

Се вчитува...