Сасуоло со играч помалку 74 минути ја победи Аталанта

Фудбалерите на Сасуоло направија вистински подвиг откако на домашен терен славеа над Аталанта со 2-1, оддалечувајќи го тимот од Бергамо од битката за место во ЛШ за следната сезона.

Успехот на Сасуоло е уште поголем ако се знае дека домаќините уште од 16. минута останаа со фудбалер помалку на теренот, по црвениот картон што му беше покажан на Пинамонти.

Коне стрелаше прецизно за водство на домаќините седум минути подоцна, Аталанта не реализираше неколку шанси, по што Сасуоло на стартот од вториот дел поведе и со 2-0 преку Торсвелт.

Гостите од Бергамо до крајот успеаја само да го ублажат поразот по погодокот што го постигна Муса во 88. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...