Димитриевски пак со „чиста мрежа“, победа на Валенсија

Столе Димитриевски го задржа првотимскиот статус во Валенсија, помагајќи овој тим да слави со 1-0 на дуелот со Осасуна и да се оддалечи од опасната зона на табелата во Примера дивизион.

Димитриевски се мачеше со ситна повреда, но стисна заби и настапи од првата минута на „Месталја“, давајќи свој придонес во минималниот триумф.

Мечот беше решен во 67. минута, кога Рамазани стрелаше прецизно од белата точка носејќи радост на домашните навивачи и фудбалери.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...