Над 100 деца го загубија животот во израелските и американските напади на Иран во изминатите 48 часа, од кои 22 се млади одбојкарки кои играле натпревар за време на бомбардирањето.
Информацијата прва ја обелодени иранската телевизија „Мајаден“ и постоеја сомнежи околу нејзината вистинитост.
„Дваесет одбојкарки загинаа при израелската агресија насочена кон спортската сала во градот Ламерд во покраината Фарс, на југот на Иран“, гласеше информацијата на „Мајаден“.
Сепак, огромната трагедија беше потврдена и од страна на Светската Одбојкарска Федерација (ФИВБ).
„Шокирани сме и исклучително загрижени за извештајот дека млади одбојкарки ги загубија животите во Иран по влошувањето на безбедносната ситуација на Блискиот Исток и во поширокиот регион. Изразуваме најдлабоко сочуство до семејствата на настрадани и кон сите оние кои се погодени од кризата“, се вели во дел од соопштението на ФИВБ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

